За долг пат се смета секој, за кој ќе ви е потребно повеќе од 1 час да стигнете до референтната точка.
Ако планирате такви патувања, без разлика дали станува збор за работа, семејсна посета или летување, ве советуваме како да се справите со топлотниот бран при патувањето.
- Вода
Шише со вода е задолжитен дел од вашата опрема. Пијате повеќе вода бидејќи при патувањето сте директно изложени на сончевите зраци.
Водата ќе спречи дехирација на кожата, но и ќе го помогне процесот на природно ладење на вашето тело.
Не земајте засладени пијалоци или кафе, додека патувате. Иако мислите дека внесувате течност, сепак таа течност прави повеќе штета во организмот отколку услуга.
Особено на високи температури!
- Светла долга облека
Носете долга, светла облека изработена од префинет материјал, како на пример лен или памук.
Осигурајте се дека со облеката ги покривате сите зони од телото кои при патувањето ќе бидат изложени директно на сонце.
Во спротивно користете крема или спреј со заштитен фактор.
- Не претерувајте со клима
Неподносливо жешко време, секој од нас го наведува на копчето за клима. Но не претерувајте со користење на клима додека сте во возило.
Исклучете ја барем 10 минути пред да излезете од колата и трудете се што е можно природно да се изладите со отворање на прозор или лепеза.
Доколку климата прави драстична разлика во температурите надвор и внатре во колата, по излегување од колата нагло може да ви се слоша.