Луѓето се сами и осамени пред компјутерот, времето го поминуваат во затворен простор, дишењето им се забавува, а очите им се зафатени со разни содржини – тврдат научници од Факултетот за наука и технологија во Мисури.

Врз основа на студијата што ја спроведоа, тие заклучија дека на овој начин се продлабочува веќе постоечката лесна депресија, бидејќи еден од симптомите на ова нарушување е одбивање на поединец да се оддалечи од компјутерот и да се врати во секојдневниот живот.

Депресивните студенти се постојано пред компјутерот

Во истражувањето од Мисури учествувале 216 студенти, при што се следи нивната употреба на компјутери преку специјални програми, кои ги откриваат нивните компјутерски навики и страниците што ги посетуваат најчесто.

Резултатите од студијата покажаа дека студентите кои имаат воспоставено симптоми на депресија, поминуваат време во континуиран виртуелен разговор, но немаат трпеливост да го направат тоа со еднo или две лица.

Единствениот спас се луѓето, општеството

Тие го менуваат својот соговорник на секои неколку секунди или минути и во исто време цело време ја проверуваат својата е-пошта, како да очекуваат важно писмо.

Проблемите со концентрацијата и вниманието се вообичаени придружници на депресијата, а тоа е она што исто така може да се забележи кај повеќето учесници.