Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги продлжуваат преговорите за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и за дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование. Денешната средба е за закажана во 10 часот во просториите на СОНК.

СОНК и МОН на 8 мај се договорија да ги продолжат преговорите за уште десет дена. Обострано е заклучено дека е потребно дополнително време за преговарање, под покровителство на назначениот помирувач од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решевање на работни спорови.

Од СОНК тогаш соопштија дека преговорите се движат во нагорна линија.