На интернет има многу огласи каде граѓаните бараат дополнителна работа. Тие наведуваат какви квалификации и работно искуство имаат, а бараат да работат дополнителна работа по 16 часот или за викенди.

Некои нагласиле дека бараат дополнителна работа од 20 до 25 часа неделно, со тоа што обврските би ги обавувале наутро или навечер. Многу од овие лица живеат во главниот град. Велат дека за да си обезбедат нормален живот, потребно е да имаат дополнителни приходи, затоа што секојдневно имаме поскапувања и трошоците за живот растат. Го жртвуваат своето слободно време, за да „преживеат” од 1-ви до 1-ви и да зависат само од платата.

Жените се тие кои бараат дополнителна работа. Нaјчесто се пријавуваат на огласи да чуваат деца, постари лица или да чистат со цел да заработат. Но, има и такви кои барале дополнителна работа, по што не успеале и кренале раце.

Преведување, правење на анкети, промовирање на производи, се само дел од ангажманите кои граѓаните ги избираат за да заработат плус.

Во месец април Македонија имала двоцифрена инфлација, што покажува дека стандардот на граѓаните паѓа. Државниот завод за статистика(ДЗС) објави податоци дека индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1 отсто. Инфлацијата во Македонија во споредба со просечната инфлација во Европа е далеку поголема.