Централната изборна комисија на БиХ денеска ги објави прелиминарните резултати за избор на претседател на Република Српска, според кои кандидатот на СНСД Милорад Додик освои 48,8 отсто од гласовите, додека кандидатот на ПДП Јелена Тривиќ ослои 42,69 отсто од гласовите.

Овој резултат е соопштен врз основа на 81,91 отсто обработени гласачки места.

Откако синоќа објавија и славеа изборна победа во трката за претседателската функција на Република Српска, денеска привзаниците на Партијата за демократски напредок (ПДП) и нивната кандидатка Јелена Тривиќ обвинуваат за фалсификат.

-Победи Јелена Тривиќ. Не се откажуваме! Се што кажавме синоќа врз основа на релевантниот примерок е точно. Разликата, која беше над 10.000 гласови, значеше дека таа победи. Што се случи во текот на ноќта? Ќе го испитаме тоа, како и кривична одговорност при изборна кражба.Таа правна битка ќе продолжи. Заради луѓето кои ја поддржаа Јелена Тривиќ – рече Бранислав Бореновиќ, претседател на ПДП.

Тој додаде дека има 30.000 неважечки ливчиња и дека испратиле повеќе од 20 приговори до Централната изборна комисија, како и неколку стотици приговори за евиденцијата. Бореновиќ тврдеше дека во Добој Додик има голема предност со измама.

-Едно избирачко место во Челинац, кое сега случајно го најдовме, Јелена Тривиќ има нула гласови таму, Милорад Додик има 235, а некој сосема непознат кандидат 200 – рече тој.