Пратениците денеска во рамките на продолжението на 29тата собраниска седница се очекува да расправаат за Предлог-законот за попис.

Тој е ставен како 14та точка на дневен ред.

Пописот е планирано да се спроведе првите 3 недели од месец април годинава, по речиси 18 години пауза.

Станува збор за важна статистичка операција имајќи предвид дека последниот попис беше во 2002 година, а следниот најавен во 2011 година.

Тој попис поради грешки во прибирање на податоците не беше реализиран.