Во 2022 година ширум светот биле уапсени 533 новинари, најмногу во последните 30 години, објави организацијата Репортери без граници (РСФ) во својот годишен извештај.
Годинава се зголемил и бројот на убиени новинари – 57, најмногу поради војната во Украина, се наведува во денешното соопштение на невладината организација за слобода на медиумите.
Половина од апсењата на новинари се однесуваат на пет земји, Кина (110), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).
РСФ никогаш досега не забележала толку многу затворени новинарки, вкупно 78.
Според организацијата, 15 отсто од вкупниот број уапсени новинари биле жени.