Речиси три милијарди луѓе, или околу 37 отсто од светското население, никогаш не користеле Интернет, соопшти Меѓународната унија за телекомуникации (ITU).

Тоа специјализирано тело на Обединетите нации наведува дека 96 отсто од околу 2,9 милијарди луѓе кои не биле онлајн живеат во земјите во развој.

Агенцијата соопшти дека проценетиот број на луѓе кои отишле на интернет се зголемил од 4,1 милијарди во 2019 година на 4,9 милијарди оваа година, делумно поради пандемијата на коронавирус.

Но, дури и меѓу постоечките корисници на Интернет, стотици милиони веројатно ретко користат Интернет, немаат свои уреди за пристап до него или се соочуваат со брзини на пренос што го попречуваат користењето на онлајн услугите.

Бројот на интернет корисници на глобално ниво се зголеми за повеќе од десет проценти во првата година од кризата со Ковид, што е најголем годишен пораст во изминатата деценија.

Сепак, овој раст е нерамномерен, при што речиси три четвртини од луѓето никогаш не се приклучиле на мрежата во 46-те најмалку развиени земји.

Помладите, мажите и урбаните жители користат Интернет почесто од постарите возрасни лица, жените и оние во руралните средини, при што родовиот јаз е поизразен во земјите во развој.