И покрај тоа што беше најавено на последната седница на Владата, не било разговарано за цена на струјата која АД ЕСМ ќе му ја понуди на универзалниот снабдувач, а ниту за тоа дали по 1 јануари ќе остане евтината тарифа.

Засега остануваат само неофицијалните информации дека производната цена на струјата на АД ЕСМ, која е еден од главните критериуми за цената на домаќинствата од сегашните 36 евра, најверојатно ќе порасне на 45 евра за мегават-час, што е зголемување од околу 25 отсто.

Така, на пример, ако сега сметката за струја им изнесува 4.000 денари за јануари ќе им биде 5.000 денари, односно 1.000 денари повеќе

Граѓаните сè уште се во неизвесност за тоа колку ќе им бидат повисоки сметките за струја по Нова година. И покрај тоа што беше најавено на последната седница на Владата не било разговарано за цена на струјата која АД ЕСМ ќе му ја понуди на универзалниот снабдувач, а ниту за тоа дали по 1 јануари ќе остане евтината тарифа.

Засега остануваат само неофицијалните информации дека производната цена на струјата на АД ЕСМ, која е еден од главните критериуми за цената на домаќинствата од сегашните 36 евра, најверојатно ќе порасне на 45 евра за мегават-час, што е зголемување од околу 25 отсто.

Така, на пример, ако сега сметката за струја им изнесува 4.000 денари, за јануари ќе им биде 5.000 денари, односно 1.000 денари повеќе. Сепак, извесно е дека поскапувањето на струјата и повисоките сметки уште повеќе ќе ги испразнат џебовите на граѓаните, пишува Вечер

Освен цената проблем е и недостигот на струја, поради што Владата побара продолжување на енергетската криза во наредните шест месеци, односно до 9 јуни 2022 година.

Освен за домаќинствата струја нема и за компаниите кои пред неколку дена предупредија дека ситуацијата е алармантна и оти мора во функција да се стават сите производствени капацитети и да се зголеми домашното производство.