Познати се причините за пожарот во автобусот што запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ.

Маринов не сакаше да ја открие причината за пожарот и рече дека ќе им остави на експертите, кои веќе вчера повторно извршиле голема проверка на автобусот. Тој додаде дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот кој бил пластичен е целосно уништен, пренесува Нова Македонија.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на „ремонт“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и дека допрва треба да се разјасни дали новата опрема е „нефабричка“.

Теориите на заговор што кружат во јавноста се неточни – рече Михаилов.

Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов, а се осврнува на примероците и брисевите направени од остатоците од автобусот.

Нема докази за канти со бензин, а теориите за шверц на материјали за дрога се смешни што не заслужуваат коментар, рече обвинителот.