В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вчера изјави дека вкупно 295 припадници на Армијата ќе учествуваат во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство, нагласувајќи дека бројка е еластична и оти тоа не значи дека утре сите ќе излезат на терен.

На тој начин околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти, со што припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.