На натпревар за избор на најубави фасади во Европа кој секоја втора година се одржува во Валенсија, Шпанија; прво место освои објект за колективно домување лоцирана во скопската населба Тафталиџе изработена од PMG Construction од Скопје.

Компанијата на натпреварот учествуваше со два проекти во две различни категории, победничкиот „Букурешка” во категорија домувања во повеќесемејни станбени објекти и второпласираниот „Фотевски” во категорија воодушевени од текстурата. „Букурешка” се натпреваруваше со 80 други проекти, додека „Фотевски” со 36 други проекти. „Букурешка” освои 7.749 поени, а „Фотевски” освои 7,652 поени.

Апсолутен победник во сите категории, вкупно шест, во кои се натпреваруваат 300 проекти од 23 земји во Европа со најмногу освоени поени е објектот „Букурешка”, додека второпласирана во генералниот пласман е објектот „Фотевски”. Европското првенство се организира на секои 2 години, за да ги избере најубавите БауМит фасади, а со тоа да докаже дека квалитетот, услугата и задоволството се вреднуваат, како за инвеститорите, така за архитектите и изведувачите. Овој успех е заеднички, а најголема благодарност упатуваме до сите кои го дадоа својот глас за претставниците од Македонија, изјави Мартин Ристевски, косопственик на PMG Construction.

ПРЕКУВработување
ИЗВОРБизнис инфо
претходниот член,Добра вест за сите кои сакаат да се бакнуваат: Бакнувањето го одржува здравјето на забите!
Следната статијаДали Питагора навистина постоел или е само митски лик?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде