Сите сме научиле за теоремата на Питагора на часовите по математика, но нема докази за постоењето на познатиот антички научник по кој оваа теорема го добила името – Питагора.

Според некои историски записи, грчкиот мислител Питагора живеел во текот на 5 и 6 век п.н.е. Запаметен е како филозоф и математичар, но во античко време бил попознат како духовен татко на култот опседнат со нумерологија и преселување на човечки души.

Бизарниот факт за Питагора ни кажува дека тој верувал дека постои некакво зло во семето на мешунките и дека е лошо да се јаде.

Питагора

Додека омразата на Питагора кон мешунките била добро документирана, неговите современици не забележале никакви значајни прикази на неговиот живот. Сите референци за големиот мислител – а можеби и неговите познати идеи и формули – доаѓаат од неговите следбеници, кои себеси се нарекувале Питагорејци.

Приказните што ги имаме за Питагора се длабоко испреплетени со митови и натприродни настани. Една приказна го опишува како син на богот Аполон. Некои теоретичари веруваат дека овие лаги и противречности сугерираат дека Питагора бил едноставно претеран или дури измислен водач што го обожавале членовите на религиозна секта.

Дури и да постоел Питагора, тој веројатно не бил првиот што ја открил својата позната теорема – историските докази сугерираат дека Египќаните ја користеле оваа формула многу порано.