Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка само неколку часа откако беше назначена.

Магдалена Андерсон, беше објавена за премиер во средата, но поднесе оставка откако нејзиниот коалициски партнер излезе од владата и нејзиниот прелог-буџет не успеа да биде изгласан.

Наместо тоа, парламентот гласаше за буџетот подготвен од опозицијата во кој е вклучена и антиимигрантската екстремна десница.

-Му кажав на спикерот дека сакам да поднесам оставка, изјави г-ѓа Андерсон за новинарите.

Таа додаде дека се надева дека ќе се обиде повторно да стане премиер како лидер на една партија.