Кокосовото масло станува се попопуларно и се користи не само во кујната, туку и за кожата, косата …

Иако ова масло се смета за поздрава опција за масло што се користи во исхраната, има неколку работи што треба да ги знаете претходно почнете да го користите.

Може да го зголеми холестеролот

Сите го сметаат кокосовото масло за здраво, но всушност во некои случаи може да има негативно влијание врз холестеролот и кардиоваскуларното здравје.

По анализата на неколку клинички студии за потрошувачката на кокосово масло, извештај објавен во професионалното списание „Циркулација“ покажа дека ова масло значително го зголемува нивото на таканаречениот лош холестерол – многу повеќе од маслото од палма, маслиново или семе од грозје.

Многу калории од маснотии

Она што ќе изненади многумина е дека, иако кокосовото масло се смета за здраво, меѓу 80 и 90 проценти од неговата содржина се заситени масти, што е околу 11 грама по лажица.

Поради поврзаноста со високиот холестерол и кардиоваскуларните заболувања, Американското здружение за срце препорачува внесот на заситени масти да биде ограничен на помалку од шест проценти од вкупниот број калории што се консумираат во текот на денот.

Може да предизвика дијареа

Во некои случаи, ако внесете многу кокосово масло, може да настанат стомачни проблеми.

Студијата, во која учествуваа 32 волонтери кои консумираа кокосово масло двапати дневно во период од осум недели, покажа дека 72 проценти од нив имале дијареа, а 19 проценти пријавиле болки во стомакот.

Значи, ако често користите кокосово масло и забележите проблеми со стомакот, тоа може да биде причината.