За секоја храна не важи правилото дека мора да се чува во фрижидер за да се продолжи рокот на траење. Така е и со компирот кој треба да се чува на темно и ладно место кое има проток на воздух.

Ако компирот се остави во фрижидер, нивниот вкус ќе се промени.

Компирниот скроб поради студот побрзо се претвора во шеќер, па вкусот на компирот кој се чува во фрижидер ќе биде посладок, а компирот потврд.

Сепак, тоа не е единственото правило во однос на складирање на оваа, на многумина омилена, храна.

Компирите побрзо се расипуваат ако се стават покрај јаболката

Според експертите, јаболката испуштаат високо ниво на етилен гас, што доведува до предвремено расипување на компирот.

Не само што компирите реагираат на овој начин на јаболката: истото ќе се случи и со бананите, кивите, мангото или дињите.