Зимското броење започнува во недела наутро во три часот со поместување на стрелките на часовникот еден час наназад, што ќе ни овозможи еден час подолг сон, но на нашето тело ќе му требаат и до три недели да се прилагоди на новиот распоред, предупредуваат лекарите.

Посебно ќе бидат погодени дијабетичарите, депресивните, луѓето со висок крвен притисок и бебињата кои дојат бидејќи нивниот метаболизам е веќе навикнат да земаат храна или лекови во исто време, објаснува општ лекар д-р Драган Миљковиќ.