Селските домаќинства кои се занимаваат со туризам, претрпеа најмали штети оваа година. Во Србија, бројот на резервации во текот на овогодишната сезона, беше поголем, во однос на претходните години. Уште поинтересно е тоа што поединци веќе направиле резервации за сместување и за наредната година.

Селскиот туризам како мал сегмент на туризмот годинава помина сосема поинаку, пред се, бидејќи отсекогаш оваа гранка била свртена кон домашните посетители. Само неколку дена во половината на март имаше дилема дали пандемијата предизвикана од корона вирусот ќе биде закана или шанса за селскиот туризам. Меѓутоа, уште за време на вонредната состојба беше јасно дека дека побарувачката ќе ја надмине понудата и така беше се до октомври.

Во колубарскиот крај најмногу регистрирани објекти има на Дивчибари, Попучки, Лелиќ, Долен Таор и други.

Цените на селските смесувачки домаќинствата во Србија останаа исти како и минатите години, а во некои објекти цените се исти со хотелски цени, бидејќи таму услугата и содржината се на исто ниво, а често пати дури и на повисоко ниво. На село имаме објекти каде покрај врвната домашна храна гостите имаат на располагање, базен, сауна, тениско игралиште….

Би се рекло дека нема да има зима за селските домаќинства.

Во Македонија засега селскиот туризам останува непозната именка за угостителите. Во главно се развиваат туристички комплекси каде што постои компанија што нуди туристички и угостителски услуги. Не постои концепт на примање на гости во домовите и нудење на сместувачки услуги во рамки на постоечкото домаќинство кое се третира како „жив музеј“ во рамките на селскиот туризам.