Сексот не е само забава. Добриот сексуален живот е здрав. Секој оргазам ослободува поплава од хормонот окситоцин, кој го подобрува нашето расположение, а редовниот секс може да го подобри здравјето на срцето, да го намали стресот и депресијата, да ја подобри самодовербата и да ни помогне да спиеме подобро.

Гушкањето под чаршафите исто така ни помага да се чувствуваме блиски со партнерот и го подобрува чувството на интимност. Како да го имате најдобриот секс во животот, откриваме во неколку совети.

  • Комуникација

Паровите кои разговараат меѓу себе за своите желби имаат подобар секс и поздрави врски, открива истражувањето. Кажете му на вашиот партнер што ви се допаѓа, а што не.

Споделете ги вашите најинтимни фантазии и желби. Ако сте премногу срамежливи да ги кажете овие мисли гласно, запишете ги и нека ги прочита вашиот партнер.

  • Разновидност

Зачинете го вашиот сексуален живот со поместување на вашите граници како пар. Играјте си со предиграта. Допрете се на нови начини.

Испробајте различни секс пози за да видите која ви дава најголемо задоволство. Облечете се во костими и играјте различни улоги (медицинска сестра-доктор, каубојци). Движете се од креветот на подот, во бањата или на шанкот во кујната.

Гледајте порно филм заедно. Користете секс играчки како вибратори.

  • Планирајте

Колку и да сакате да имате секс, напорниот распоред може да ви пречи. Затоа планирајте време за секс во вашиот календар, исто како и другите важни датуми.

Тогаш помала е веројатноста да го прескокнете. Поставувањето ден или датум ви дава време да се подготвите и нешто да очекувате.

Резервирајте секс толку често колку што е реално – без разлика дали тоа е еднаш неделно или секој втор ден. Изберете време кога знаете дека нема да бидете уморни или расеан

  • Вежбајте

Вежбањето ја зголемува издржливоста во кревет. Вежбањето исто така го зајакнува и обликува телото, што ја подобрува самодовербата и прави да се чувствувате секси.

Вообичаено се советува да имате 150 минути аеробна активност и два дена тренинг за сила неделно.