Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе дува засилен северен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Подрачјето на нашата земја и во следните денови ќе се задржи под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.

Нестабилност на повеќе места се очекува в среда и четврток во попладневните часови.