Ова го покажа едно истражување во кое учествувале 2000 испитаници.

  • Кажувајте сè во лице

Четири од десет луѓе можат со часови да размислуваат за нечии зборови или тон, обидувајќи се да сфатат каква емоција се крие зад нив. Секој петти погрешно претпоставил дека некој е лут затоа што не го протолкувал текстот на преписката на вистински начин.

За да го спречат тоа да се случи, 23 отсто решиле да им кажат на сите дека мора да го кажат тоа што го имаат лично, дури и ако тоа би значело да чекаат со недели за разговор. Повеќе од три четвртини од испитаниците веруваат дека разговорот лице в лице е најдобриот начин за комуникација бидејќи може да спречи можни недоразбирања.

  • Пораките немаат боја на глас или израз на лицето

Личната комуникација ни овозможува да го разбереме тонот, да внимаваме на говорот на телото и подобра поврзаност, намалувајќи го чувството на фрустрација, депресија и анксиозност, што често се јавува поради погрешна комуникација – изјави британската докторка Хилари Џонс.

Одредени проблеми со пораките произлегуваат и од погрешното читање на хуморот. Имено, дури 41 отсто не разбрале нечија шега на вистински начин, а 42 отсто од нив не можеле да откријат сарказам, што сигурно немало да се случи во директна комуникација.