Сите оние кои изгубиле блиски членови на семејството како последица на ковид-19 можат да аплицираат за еднократна помош од косовската влада во износ од 1.500 евра, соопшти косовското Министерство за финансии. Помошта се однесува за изгубен брачен другар, дете или родител, пишува Нова Македонија.

Оние што изгубиле член на семејството по 1 октомври, пак, ќе можат да добијат помош само доколку починатите биле имунизирани со две дози вакцини против ковид-19.

Косово е првата држава во светот која им понуди помош на семејствата кои изгубиле значаен дел од своето семејство поради што се економски или социјално загрозени.