Пратениците од сите пратенички групи имаат одговорност пред граѓаните, наместо со блокади и деструкции, преку аргументи и конструктивност да дадат придонес при усвојувањето на заклучоците околу предлогот на француското претседателство, порачуваат од владејачката СДСМ.

Оттаму напоменуваат дека „преку заклучоците, дополнително ќе се обврзе Владата актуелната но и секој идна Влада, да ги зачува црвените линии во согласност со Декларацијата донесена во Собранието,а тоа е зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки како и македонскиот идентитет и посебноста на државата кои не смеат да бидат дел од преговарачката рамка“.

Членството во Европската Унија е стратешка цел на државата, пратениците во Собранието преку усвојувањето на заклучоците имаат шанса пред целата домашна и меѓународна јавност да докажат дали се навистина за интеграција во ЕУ или побитно им е да одработуваат за нечии туѓи интереси – се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека власта ја игнорира волјата на граѓаните.