Каков е профилот на личност која зад себе остава оган од емоции? Без разлика што себичноста е карактеристика на човекот, дали е пресудно кога поминувате низ минатото како фосилни остатоци бидејќи не сте љубител на археологијата, па никогаш не сакате да ги ископате?

Но, некаде во позадина одвреме-навреме се прикрадува вистината, па минатото те копа, те копа и на тој начин те тера да ги сумираш своите постапки бидејќи времето те направило помудар.

Тоа значи дека не треба да останете заробени во минатото, туку да ја исцртате поентата на тоа каква емотивна личност сте. Компромис или без компромис.

Дали емоциите на таквите луѓе се компензирани или декомпензирани, метафорично кажано? Ако минатото е толку неважно, а ние го изјавуваме така кога негативните емоции се на врвот на нашата листа на спомени, тогаш зошто собираме фотографии, пишуваме датуми под нив, дури и локациите каде што се создадени?

Затоа што тие ни значат многу повеќе отколку што признаваме. Дури и кога ќе ги запалиме во нашите умови, тие нема да изгорат. Но, да не изгориме во тоа минато, простете им на оние кои ни наплаќаа да мислиме на нив. Затоа што иако плаќавме данок на емоции поради таквите луѓе, тие сепак не научија на простување. И само со простување се оди понатаму, и полесно се поднесува товарот од минатото.