Холандски научници први открија микропластични честички во човечката крв!

Научниците од Универзитетот во Амстердам во Холандија за прв пат открија микропластика во човечката крв, при што странски честички пронајдени кај 80 отсто од тестираните луѓе, пишува Mondo.

Експертите анализирале примероци од крв од 22 анонимни дарители, од кои сите биле здрави возрасни лица, и идентификувале пластични честички кај 17 луѓе.

Половина од примероците содржеле ПЕТ пластика, која вообичаено се користи во шишиња за пијалоци, а третина содржела полистирен од кој се прави амбалажа за храна и други производи. Една четвртина од примероците од крвта содржеле полиетилен од кој се направени пластични кеси.

Научниците сè уште не можат со апсолутна сигурност да кажат какво влијание има микропластиката врз здравјето на луѓето.

Сепак, загрижувачки е тоа што постојат докази дека микропластиката во лабораториски услови предизвикува оштетување на човечките клетки.

На ова треба да се додаде фактот дека честичките од загадениот воздух влегуваат во телото и предизвикуваат милиони прерана смрт секоја година. Покрај тоа, докажано е дека луѓето консумираат ситни честички во храната и водата, како и дека ги вдишуваат