Украина е значаен производител на сончогледов зејтин и маслодајна репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфритот, поради актуелната криза во Украина.

Првиот угостител кој го направил тоа е Фреди Базел од Дармштат. Како што изјавил за „Билд“ имал проблем со зејтинот за во фритеза, како и дека сончогледовиот е многу скап.

Во јануари Базел плаќал 90 евро центи за литар масло од репка, а денеска истото чини и до четири евра за литар.

Тоа е вели прескапо, и било неизбежно драстично да ја зголеми цената на помфритот. Потоа го тргнал од менито.