Луѓето се социјални суштества и тие имаат потреба од размена и комуникација едни со други.

Постојат и луѓе кои уживаат да ги поминуваат своите денови седејќи дома и правејќи активности со блиското семејство или активности кои не вклучуваат втори лица.

Но седењето дома постојано, всушност, не е поволно ниту за вашето ментално, ниту за вашето физичко здравје.

Еве зошто:

  • Човек има потреба од голем број на контакти 

Секој човек има потреба од што е можно поголем број на контакти во текот на денот.

Контактите се замена за искуство и сопствен личен развој бидејќи ја задоволуваат љубопитноста кај човекот.

Луѓе кои немаат голем број на контакт, обично оние кои живеат во мала средина, развиваат синдром на мало место, во кое секој знае се за другите жители на местото, а секој странец во таа нова средина е потенцијална опасност и непријател.

Познато е, дека луѓето од мали места во недостаток на животни возбуди, развиваат магиски менталитет, па често ќе ги слушнете како разговараат за црни магии, за судбини и разни пророшта, што е скоро невозможно да го сретнете во големите градови и мегалополиси.

  • Седењето дома ве прави пасивни

Колку и активности да имате дома, седењето дома нема да ве направи поактивни од луѓето кои се постојано во природа или во големи групи.

Американско социолошко истражување од 1960 години, покажало дека жените – домаќинки кои прилично добро се грижеле за домот, сепак имале многу повеќе слободно време од жените кои оделе на работа, плус биле многу помалку среќни од нив, бидејќи нивниот труд никаде не се евалуирал.

Недостатокот на евалуација за вашиот труд ви прави магичен круг во кој само ги обавувате секојдневните активности кои во голема мера се исти секој нареден ден и тоа ве пасивизира понтаму да се унапредувате и развивате.

  • Намалена физичка активност

Дури и да имате фитнес центар во вашиот дом, природната конституција на човекот го предодредува тој да е во контакт со природата, да се движи и да освојува нови места.

Природата на нашите предци била номадска, што покажува дека човекот е создаден да пешачи и да открива нови зони од природата.

Една 20 минутна прошетка во природа ќе ве рекреира повеќе од часови и часови поминати во фитнес центар, а ќе се надишете свеж воздух и ќе ги одморите очите во зеленило.

Препорака:

Се препорачува да поминете најмалку 30 минути надвор од домот во текот на денот. Најдобро е, тие минути да ги искористите за пешачење во природа и социјализација со други луѓе.

Седењето дома ќе ви го продлабочи чувството на бескорисност, дури и да работите од дома.

Сите работни места кои поради пандемијата се дислоцираа во домовите на вработените, не ги направија посреќни, напротив ги направија вработените подепримирани, иако нивната заработувачка и професионален позив останаа исти.

Автор: Магдалена Стојмановиќ за „Мој збор“