Ако вашата цел е да го прочистите телото и да разбудите нова енергија, ослободете се, барем за некое време, од храната што „го отежнува“ и ја забавува работата на организмот.
Додека се чистете отстранете од менито:
- кафе и сите пијалоци со кофеин
- слатки и сите рафинирани шеќери
- алкохолни пијалоци
- газирани пијалоци (вклучувајќи ги и оние што не содржат шеќер)
- сол (обидете се да не ја посолувате храната што ја подготвувате дома и да го рафинирате вкусот на јадењето со други зачини)
- млеко и млечни производи
- месо, а особено производи од месо (и сите заситени масти)
- готова храна и високо преработена храна (богата со конзерванси, бои, засилувачи на вкус и други додатоци)
- слатки и солени закуски.
Задолжителна храна на вашето мени:
Главните сојузници во прочистувањето на телото ќе ги најдете на пазарот или во блискиот супермаркет. Бидете сигурни дека ги вклучивте во менито, бидејќи тие ќе помогнат да се забрза метаболизмот и да се поттикне излачувањето на штетните материи од телото.
- Јаболка
- Цвекло
- Спанаќ
- Брокула
- Артишок
- Зелена салата
- Моркови
- Грејпфрут
- Зелка бела и црвена
- Кромид и праз
- Анасон
- Цели житарки