дома информација вест Руски ловочувар раскажува како преживеал напад од поларна мечка

Руски ловочувар раскажува како преживеал напад од поларна мечка

Руски ловочувар доживеал напад од поларна мечка на остров на Арктикот

1326
0

Слепчов го запознал ѕверот на остров во Арктичкиот океан. Дошол, рече тој, за да го провери кампот за ловџии, и кога се доближил до сауната, излегла поларна мечка со две младенчиња и го нападнала, а тој паднал и се преправал дека е мртов, додека мечката не замине.

Прво ги видов уништените куќи во кампот каде чувавме храна. Остатоците од храна беа расфрлани на сите страни. Одеднаш огромната поларна мечка со двете младенчиња излета од вратата на сауната, која, судејќи според нејзината големина, беше стара околу една година, рече тој.

Тој продолжи да објаснува дека немал оружје и дека се обидел да ја повреди со парче железо што го нашол во снегот, но промашил.

Таа истрча кон мене и ме погоди со канџа во градите. Летнав наназад неколку метри. Штом станав, повторно ме нападна. После тоа не можев да станам. Лежев на грб додека ми пријде и мислев дека сега ќе ми го раскине лицето, па затоа го покрив со раце, изјави тој за руската телевизија РЕН.

Кога таа почнала да му ги гризе рацете, тој се свртел на стомакот и потоа започнала да го гризе на задниот дел од нозете. Видел како неговата крв капе на снегот и слушнал страшна бучава.

Кога таа почна да ме гризе, се сетив на мојот деветгодишен син кој ме чекаше дома. Му ветив дека ќе се вратам и морав да го чувам. Не смеев да врескам. Решив да се преправам дека сум мртов. Почувствував силен удар на грбот, а потоа уште еден, вели Слепчов.

На крајот тој се онесвестил и мечката помислила дека е мртов и заминала со младенчињата.

Извор: Канал5