Додека САД и нивните сојузници оценуваат дали Русија треба да остане во рамките на Г20, околу половина од членките на групата не воведоа санкции, и покрај нивната осуда во ООН за воената операција во Украина.

Надминувајќи го Иран, Русија стана државата што досега добила најмногу санкции, со тоа што казните беа насочени кон поединци, компании, јахти и авиони. Сепак, постои забележлив недостиг од поддршка за такви чекори надвор од Западот, при што само половина од Г20 воведоа санкции врз Москва.

Големите економии, вклучувајќи ги Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка, сè уште тргуваат со Русија, додека многу земји во развој во светот гледаат дека се применуваат двојни стандарди во однос на неповредливоста на националните граници, на пример, споредено со инвазијата на САД на Ирак.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Денеска нова одлука за цената на горивата
Следната статијаПролетно освежување на домот со најубавото пролетно цвеќе

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде