Русија ја повика Бугарија да потпише нов долгорочен договор за снабдување со гас со својата државна компанија „Газпром“, пишува Еурактив.

Аналитичарите сметаат дека Бугарија треба да бара клаузула во договорот што ќе и дозволи да преговара за количините гас што сака да ги купи од „Газпром“.

Гледано во контекст на најновото зголемување на цените на енергијата, стабилните долгорочни договори се многу важни за сигурно снабдување. Бугарија е сe уште сиромашна земја, цената на електричната енергија и гасот е многу важна за нејзините граѓани, рече рускиот амбасадор во Бугарија Елена Митрофанова.

Таа рече дека досега немало разговори со привремената влада во Бугарија.

Еурактив се повикува на своите анонимни извори во Бугарија и наведува дека преговорите со Газпром може да ги води само стабилна национална влада и забележува дека се очекува големо противење на најновата понуда од Русија во бугарскиот парламент.