Осомничениот за учество во вчерашните терористички напади во Виена, кого полицијата го застрела, бил 20-годишник роден во австрискиот главен град за кого тамошните разузнавачки служби имале сознанија, според тврдењата на уредникот на магазинот „Фалтер“ Флоријан Кленк. 


Истражив неколку детали за терористот. Неговото име е Куртин С., имал 20 години, бил роден и израснал во Виена и има албански корени. Неговите родители доаѓаат од Северна Македонија и не се осомничени кога станува збор за исламизмот – напишал Кленк на Твитер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде