Општина Вевчани е единствената општина во Македонија која брои само едно населено место. Се наоѓа во областа Дримкол на само 13,5 км од центарот на Струга и на 7 км од регионалниот пат Струга-Дебар.
Првите куќи во општина Вевчани се протегаат на надморска височина од 830 – 960 м со што општината се протега долж планината Јабланица се до границата со Република Албанија.
Името, оваа општина го добила од старословенскиот збор вис што значи село, а со додавање на демонимот се добило името Вевчани – официјалното име на оваа општина денеска.
Според последниот попис спроведен во Република Македонија, во Вевчани живееле 2.433 жители.