Израел планира да стане првата земја во светот каде населението ќе се вакцинира со четвртата доза од вакцината Ковид-19.

Здравствениот систем на таа земја се подготвува за нов бран на ширење на заразата предизвикана од појава на нов вирус омикрон сој.

Израелските експерти за пандемии препорачаа да се даде четврта, засилена доза на здравствените работници и на лицата постари од 60 години.

Нафтали Бенет, премиерот на Израел, го поздрави новиот план и им порача на владините претставници да започнат со подготовки за негова имплементација.

Властите ја објавија оваа одлука ден откако беше потврдена првата смрт од сојот омикрон во Израел.

Министерството за здравство соопшти дека во Израел досега се регистрирани најмалку 340 случаи на инфекција со сој омикрон.