Во последните 24 часа во Србија се потврдени 8.467 нови случаи на ковид-19, а 45 лица починаа. Според српските медиуми, ова е најголем број на новозаболени за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа тестирани се 26.292 лица. На респиратор има 251 пациент.

Денеска, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го коментира воведувањето на ковид-пасошите поради моментната епидемиолошка состојба.

Подготвивме сѐ за ковид-пасошите. Тие не се сребрен куршум за решавање на ситуацијата, тие се само начин да се мотивираат младите да се вакцинираат и ништо повеќе. Одговорот на сето ова е вакцинација. Ова е поразително бидејќи тоа е дел од граѓанската солидарност. Демократијата е таква, не можеме да воведеме задолжителна вакцинација – рече таа.