Се очекува дека една третина од вкупниот број на пациенти со коронавирус во светот досега да имаат невролошко или психијатриско нарушување шест месеци по болеста.

Студија спроведена од Одделот за психијатрија на Универзитетот во Оксфорд покажува дека треба да се соберат повеќе податоци за влијанието на коронавирусот врз менталното здравје, но дека постојат индикации дека оние кои имале „Ковид-19“ ќе имаат повеќе проблеми со него.

Ваквите резултати особено влијаат врз оние кои имале потешка форма на коронавирус, се вели во студијата.

Студијата опфати над 236.000 пациенти дијагностицирани со „Ковид-19“, каде што се покажа дека 33-62 проценти од нив ќе добијат невролошка или психијатриска дијагноза по 6 месеци, додека 12-84 проценти ќе добијат таква дијагноза за прв пат.

Истражувањето спореди колку често ќе се појават такви проблеми кај луѓе кои имале грип или други респираторни заболувања, и во тие случаи дијагнозата е поретка во споредба со „Ковид-19“.