Пестото е еден од омилените сосови на многу луѓе ширум светот. Но сте се запрашале ли што се ви е потребно за да се подготви пестото?

Во домашни услови подготвено, пестото може да има дополнителен вкус или да го прилагодите целосно на вашите потреби и сетила.

Ви предлагаме домашен рецепт за песто со лук и бадеми:

Производи:

  • 25 гр. бадеми
  • 3 чешниња лук
  • 50 гр. босилек, свеж
  • 100 мл. маслиново масло
  • 1 прстофат морско оревче
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка:
Испечете ги бадемите во сува тава на средна топлина, повремено мешајќи ги. Внимавајте да не изгорат. Оставете ги малку да се изладат.

Потоа измешајте ги во блендер со останатите производи.

Пасирајте додека не добиете хомогна смеса.