Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска ја поддржува мерката со која се пропишува обврската работодавачот да организира работа од дома кога и да е можно, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, но тоа мора да се направи со согласност на работниците и мораат да се покријат трошоците кои настанале при тој вид на работа.

Синдикатот во соопштението испратено до медиумите ја поддржува новата одлука на Националниот стожер за цивилна зашттита која денеска стапила на сила, за обврската на работодавачот да организира работа од дома, односно намалување на контактите и притисокот на јавниот превоз поради спречување на ширењето на коронавирусот, без влегување во нов локдаун.

Меѓутоа, одлуката во потполност го занемарува договорениот работен однос и правата на другата страна, односно работникот, велат од синдикатот.

Со оглед на досегашните лоши искуства во текот на пандемијата, синдикалците ја повикуваат државата и работодавачите да го почитуваат важечкото трудово законодавство кое предвидува таква работа со цел да се заштитат работниците и истите да добијат праведни надоместоци за нивните трошоци во извршувањето на работните задачи за работодавачот.

  • Велат дека и работниците кои работат од дома мораат да имаат право на пауза
Имајќи ја на ум изработката на новото законско решение на кое моментално се работи, синдикатот истакнува дека работата на работниците од дома секогаш треба да биде на доброволна основа (договорена) односно да ја одразува согласноста на двете страни, со обезбедување на средства за работа и праведен надоместок за трошоците настанати поради таквиот начин на извршување на работата.

Исто така, мора да биде реверзибилен, односно да го вклучува правото работниците кои работат од дома да можат да се вратат на работа во просториите на работодавачот, кој одговора на стандардите на заштита при работа.

Притоа, потребно е да се обезбеди подобра организација на работното време за да работниците кои работат од дома би имале право на користење на паузи и дневни и неделни одмори, надоместок за прекувремена работа и право на недостапност вон работното време.

Работодавачот нема право да ги префрла трошоците од своето работење на работникот и неговото семејство и на работникот мора да му ги гарантира сите индивидуални и колективни права исто како кога работи во просториите на работодавачот.