Во Европа, повеќе од седум милиони нови инфекции со коронавирус беа потврдени во првата недела од 2022 година, двојно повеќе од пред две недели, изјави за новинарите генералниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Со оваа стапка, Институтот за здравствени метрики и проценки предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните шест до осум недели, рече тој, повикувајќи се на податоците од Истражувањето на Универзитетот во Вашингтон.

Педесет од 53 земји во Европа и Централна Азија потврдија случаи на инфекција со таа позаразна варијанта, рече тој.

Но, се појавија докази дека омикронот повеќе влијае на горниот респираторен тракт отколку на белите дробови, предизвикувајќи поблаги симптоми од претходните варијанти.

СЗО сепак забележува дека се потребни дополнителни истражувања за да се докаже ова.