Мајкл Броки тужел една британска компанија после прославата како дел од тим билдингот, бидејќи премногу се напил, апа не се сеќавал што се случувало во рок од 22 часа.
Вработениот присуствувал на вечерното прославување на компанијата, кој ја организирал менаџерот за да ја прослават успешната сезона.
Во тужбата вработениот тврди дека се препил и прејал во текот на прославата, бидејќи, како гости, биле терани да пијат и јадат. Од прекумерната количина на алкохол добил труење. Навел дека му е оштетен мозокот, бидејќи не се сеќавал на ништо што се случувало во текот на 22 часа.
Морал да земе шест месеци боледување за да може потполно да се опорави и да биде работно способен. Од компанијата преку тужба барал 200,000 долари, поради, како што навел, не вниманието кон вработените.
Очекувам сите кои посетуваат социјални настани да бидат одговорни и да се грижат за својата безбедност и безбедноста на другите. Како одговорен работодавач, компанијата е посветена на здравјето и исклузивната култура на вработените, се наведува во соопштението на компанијата.