Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата, пишува Ројтерс.

Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.

Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.

„Модерна“ и партнерството на „Фајзер“ и „Бионтек“ беа две од првите групи на фармацевтски компании што развија вакцина против ковид-19.

ИЗВОР360 степени
претходниот член,Континуирано се зголемува цената на пивото
Следната статијаРаботник се опијанил на „тим билдинг патување“ па ја тужел компанијата

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде