Студија која ја истражувала здодевноста открила работни места, карактеристики и хобија кои се сметаат за најздодевни. Откако испитале повеќе од 500 луѓе во пет експерименти, истражувачите откриле дека најдосадните работи се анализа на податоци, сметководство, чистење и банкарство.

Вака е дојдено и до заклучокот која е најдосадната личност на светот, а според резултатите од истражувањето тоа би бил човек од мало гратче кој работи на внесување податоци на работа, а во слободно време најмногу спие и гледа телевизија.

Најдосадните работи на светот:

  • Анализа на податоци
  • Сметководство
  • Данок / осигурување
  • Чистење
  • Банкарство

Од друга страна, најинтересни се оние кои се занимаваат со уметност, наука, новинарство, медицина и – образование!