Секој од нас во животот кажал по некоја лага. Некој со поголеми, а некој со помали оправдувања.

Буквално нема човек кој никогаш во животот не излажал за нешто.

Од етички аспект лажењето може да има силни импликации во реалноста и да ја менува.

Германскиот класичен филозоф Имануел Кант во есејот за лажењето, вели дека, не постои такво нешто како „бела лага“.

Секоја лага е многу штетна и може да направи страшен исход кој оној што лаже не може да го предвиди.

На пример ако ве сретне човек со нож и праша каде е вашиот сосед. Вие, сакајќи да го заштитите ќе кажете дека тој не е дома и дека сте го виделе како излегува.

Но што ако, соседот навистина излегол и се сретне со потенцијалниот убиец кој го менува правецот на движење и по вашиот исказ почнува да го бара надвор?

Одговорноста за нивната средба ја имате само вие, а не несреќните околности!

Во тој случај иако имате добра намера, последицата од вашето етичко дејство е УБИСТВО НА ЧОВЕК!

Луѓето кои имаат потреба да лажат, имаат патолошка црта, а еве кој е нивниот профил:

  • Сакам да сум повеќе од тоа што сум

Луѓето кои лажат во суштина се неспособни да променат ништо во својот живот, но тие сакаат да создадат илузија за себе дека се повеќе од тоа што се.

Дури и да им успее, надвор од вашите очи, таквите луѓе се длабоко несреќни со себе и својот живот.

  • Интерес 

Луѓето може да ве излажат и ако имаат некој интерес од вас. Но дури и да успеат да ве изманипулираат и искористат, интересот е краткотраен а животот не може да се сведе на гол интерес.

Човек треба навистина да живее сосема површен живот за работите да ги гледа само низ перспектива на интерес!

  • Пораз

Луѓето кои сакаат да импресионираат всушност се чувствуваат поразени во споредбата или натпреварот со другите.

Тие мора да измислуваат лаги за да продолжат со натпреварот, но длабоко во себе знаат дека се целосно поразени.