Тешко е да се најде вистинскиот во океанот на незрели мажи, но треба да знаете дека меѓу нив има голема разлика.

Незрелиот маж секогаш ќе најде оправдување за своите грешки и нема храброст да ги признае, додека вистинскиот маж секогаш ќе ја признае својата грешка и ќе се обиде да ја исправи. Незрелиот маж ќе ви ја признае љубовта, но зборовите нема да ги потврди со дела.

Вистинскиот маж, напротив, со своите постапки покажува дека ве сака. Незрелиот маж се плаши од успехот на жената, додека вистинскиот и зрел маж ќе се гордее со достигнувањата и успесите на својата сопруга.

Вистинскиот маж ја знае својата вредност и ќе се однесува со вас со почит, ќе ве сака онака како што заслужувате.

Зрелиот маж нема да се задоволи со помалку отколку што заслужува, па затоа ќе бара жена која од партнерката очекува исто како и тој.

Незрелиот маж секогаш ќе најде изговор, но вистинскиот маж ќе се обиде. За вистински маж, вашата среќа е негова среќа. Тој ќе направи се за да ве направи среќни.

Незрелиот маж само ќе си игра со вас и ќе се обиде да манипулира со вас. Вистинскиот маж ќе направи се за ваша безбедност.

Ќе ве држи за рака на улица за сите да го видат. Ќе ве бакне и ќе ви ја стави главата на градите за да знаете дека ќе се грижи за вас. Вистинскиот маж ќе го цени вашето време.