Артур Шопенхауер не бил омилен филозоф на своето време. Особено затоа што ја имал таа „несреќа“ да му биде современик, а воедно и колега на тогаш популарниот Хегел.

Ако предавањата на Хегел ги следеле по 200 студени, кај Шопенхауер на предавање присуствувале само 5-6 студенти.

На Шопенхауер му се припишува и сугестивен песимизам бидејќи по читање на неговите дела многу студенти одлучиле да извршат самоубиство не наоѓајќи смисла на живеењето.

Но, Шопенхауер бил прилично оптимистичен човек кој се борел за својата среќа. Тој во своите популарни предавања и делел совети за тоа што е изворот на среќата.

Според Шопенахуер прво правило за среќен живот е отсуство на споредба со некој друг, што го создава најавтодеструктивното чувство, имено завист.

Првото правило вели дека е неопходно да се искорени навиката за споредување со другите, што често предизвикува завист.

Според Шопенхауер, зависта е многу негативна емоција која ја краде радоста и среќата од човекот. Секогаш се ќе му недостига, ќе биде незадоволен од се и од секого.

Зависта нè води во спротивна насока од среќата – кон тагата. Освен тоа, кога ќе се споредиме со поуспешни, убави и други, според нас, луѓе, почнуваме да се сомневаме во себе, што дополнително ја влошува ситуацијата.

За да се избегне ова страдање, Шопенхауер советувал да не се споредуваме со никој. Секој човек е индивидуален – а тоа е неговата убавина и сјај. Секој има своја ситуација и свои можности. Затоа треба да тргнеме исклучиво од ова, а не од она што некој го постигнал во својот живот.