Платформата за родова еднаквост за денеска организира протестен марш за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“. Ќе се маршира од Министерство за внатрешни работи до Јавното обвинителство.

Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот ‘Јавна соба’, кој претставува кривично дело, во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и за сите членови што праќале и сè уште праќаат фотографии и им пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции. Неколку приведени членови и санирањето на штетите нема да нè замолчат – стои во повикот објавен на социјалните мрежи.

Маршот ќе почне во 14.30 часот пред МВР, а ќе заврши пред Јавно обвинителство.