Првите дози на вакцина против коронавирус Македонија ќе ги добие преку КОВАКС системот при СЗО.

Наместо како што беше најавено тие да пристигнат во февруари директно од произведувачот Фајзер, пристигнувањето на вакцините засега е одложено за начелно за март.

Исто така, првите дози на вакцини нема да бидат од произведувачот „Фајзер и Модерна“ како што беше најавено, туку од британскиот произведувач АстраЗенека.

Скоро сите земји во регионот имаат набавено вакцини, а Србија досега има имунизирано најголем дел од населението не само во регионот, туку е и европски лидер по број на вакцинирани на 100.000 жители.