Зависноста од социјалните мрежи доведе до тоа младите луѓе почесто да се соочуваат со физички и ментални проблеми, а експертите предупредуваат дека прекумерната употреба на современи технологии може негативно да влијае на меморијата.

Студија на Универзитетот во Калифорнија, во која учествувале повеќе од 18 000 испитаници, покажала дека секое седмо лице има проблем со меморијата, а најзагрозени се оние на возраст од 18 до 39 години.

Освен фактот дека им е потешко да запомнат нови работи, тие се плашат дека нивната меморија никогаш нема да се врати целосно.

Најзагрозени се лицата на возраст од 18 до 39 години

Истражувачите го зеле предвид времето поминато на компјутер, пред ТВ или на Интернет, а особено на социјалните мрежи.

Зависниците од технологија честопати се со посиромашно образование, склони кон висок крвен притисок, дебелина и депресија, во споредба со претходните генерации.

Неопходно е да се подигне свеста за штетноста на ваквото однесување, кое честопати се смета за безопасно и е тренд на денешните млади генерации затоа што влијае на менталното и физичкото здравје – изјави водачот на студијата, д-р Стивен Чен.