Хронични болни и лица над 75 години први ќе се вакцинираат против ковид19 откако денеска пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ преку КОВАКС системот.

Во април ќе стигнат нови 76.000 дози на вакцина од истиот производител преку СЗО.

Досега се вакцинирани здравствените работници и доброволци кои заминаа на бесплатна вакцинација во Република Србија која отвори посебен пункт за граѓани кои не се од Србија.

Првите дози на вакцина стигнаа од Србија и стануваше збор за „Фајзер“ вакцини, а донација на вакцини најавува и Бугарија.

Се работи за 5.000 дози од „АстраЗенека“.