Темните кругови околу очите најчесто настануваат поради недостаток на сон, неправилна исхрана, дехидрираност и недостаток на хемоглобин во крвта.
Многу жени користат коректори за да ги покријат овие непријатни кругови и поради естетика, но и поради потребата да изгледаат свежо и здраво!
Нема потреба да користите скапа козметика со сомнително потекло да ги скриете подочњаците.
Постојат едноставни трикови како да се ослободите од нив на сосема природен начин:
- Краставица
Исецкајте два круга од краставицата и ставете ги на капаците од очите.
Нека постојат 5 минути, а потоа сменете ги со нови.
Постапката повторете ја 3-4 пати.
Краставицата содржи многу вода што ќе хидрира тенката кожа со истакнати капилари.
- Ладни облоги
Ладните облоги помагаат кожата да се собере и освежи.
Темните кругови обично настануваат поради опуштање на кожата, менување на нејзината еластичност и тонус.
- Колаген
Збогатете ја вашата исхрана со намирници кои содржат повеќе колаген.
Јадете повеќе јајца, авокадо, домати, семки од тиква, лосос и сл.
Колаген помага да се регенерираат клетките од епидермисот.
- Црвено овошје
Црвено овошје е богато со железо, внесот на железо во организмот е нужно за добра крвна слика.
Јадете повеќе – цвекло, малини, јагоди, бобинки и сл.